четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 43
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

Пендаровски откри голем скандал- дека државата нема ресурси за кризна состојба

Пендаровски откри голем скандал- дека државата нема ресурси за кризна состојба

Од вчера се наметна нова дилема и таа дилема е присутна во јавноста за прогласување на кризна или вонредна состојба. Јас побарав воспоставување на кризна состојба затоа што тоа е степен повисоко во сериозноста на пристапот, квалитетот и мобилноста на справување со последиците од Корона вирусот. За разлика од воведувањето на Вонредна состојба во која целата власт се сосредоточува во рацете на еден човек, што ќе се согласите и не е така демократски. Но, ова и во овој случај е секундарно, затоа што е примарно здравјето на граѓаните и итното делување.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

-Тоа ќе отвори можност за носење на акти со законска сила кои би можеле да се злоупотребат и е состојба за која иако е уставна материја не е прецизно дефинирана со закон. Се што не е прецизно дефинирано може и да биде злоупотребено. А воедно вчера со директно признание на претседателот Пендаровски дознавме една поразителна информација, дека постои дилема за воведување на кризна состојба бидејќи има недостаток на државни ресурси квалитетно и ефикасно да се покрие државата, што е огромен скандал особено ако кризата се продлабочи, за што упатуваат сите сериозни фактори, но во овие моменти од посочување на показалецот фајде нема, и ова е посебна тема за која ќе зборуваме и ќе се навратиме откако  ќе заврши цела оваа состојба со пандемијата од корона вирус, рече Мицкоски и додаде:

„Во овој момент постои и дилема кај правните експерти за што е поделотворно да се примени. Она што денес сакам да го соопштам е фактот дека иако јас и понатаму сметам дека многу брзо ќе дојдеме во фаза да прогласиме кризна состојба на поедини делови од територијата на Македонија, сепак сметам дека владата доцни со мерките, а кризата ќе се зголемува. Поради итноста и алармантноста на состојбите на терен, но и неопходноста да се помогне на граѓаните апелирам денес до претседателот Пендаровски да прогласи според Уставот вонредна состојба во Македонија час поскоро. Да не се губи драгоцено време, а поважно од тоа дали е вонредна или кризна состојба е тоа мерките и помошта да стигне до граѓаните. Да не навлегуваме во правните дилеми, туку да навлеземе во решавање на проблемите на граѓаните. Повторувам, да не навлегуваме во правните дилеми, туку да навлеземе во решавање на проблемите на граѓаните и заштита на нивното здравје и веднаш претседателот Пендаровски да прогласи вонредна состојба. Да не се фокусира владата само на ПР, туку на работа на терен и итно делување“.

Престои, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, сериозна здравствена, санитарна и економска криза.

Парламентарни избори 2020