вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 55
home Вести

Пендаровски оствари средба со светскиот шампион во современ танц, 11-годишниот Анди Исмаили

Пендаровски оствари средба со светскиот шампион во современ танц, 11-годишниот Анди Исмаили

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими 11-годишниот гостиварец Анди Исмаили, светски шампион во современ танц.

На средбата, на која присуствуваа и неговите родители, Анди  го раскажа своето искуство од учеството на Светското првенство коешто во декември минатата година се одржа во Оса, Полска. На ова светско натпреварување Анди го освои првото место во категоријата современ танц соло за деца.

Претседателот Пендаровски истакна дека Анди иако има само 11 години, тој веќе е амбасадор на нашата земја бидејќи успева да ја промовира Македонија преку уметноста на своето танцување. И затоа, како што потенцираше претседателот Пендаровски, на талентираните млади луѓе државата треба да им дава безрезервна поддршка.

Младиот Анди на средбата со претседателот Пендаровски информираше дека негов следен предизвик е европското првенство во џез, современ и класичен балет, коешто во јуни годинава ќе се одржи во Национална опера и балет, во Скопје.

Талентираниот Анди Исмаили е член на танцовото студио „I Dance” од Гостивар. За кореографијата со којашто тој победи на првенството во Полска, му помогнале тренери и кореографи и од студиото „Брејк а Лег“ од Скопје.