понеделник, 24. јуни 2019. Вести денес: 90
home Вести

Пендаровски оствари средба со министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност

Пендаровски оствари средба со министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

На средбата министерот Поповски го запозна претседателот Пендаровски со заложбите на Владата на Република Македонија за целосна транспарентност и отчетност, презентирајќи му ја Алатката за јавно објавување на службени трошоци на носителите на јавни функции.

Претседателот Пендаровски ја потврди неговата определба за транспарентно и отворено работење и ја прифати поканата Претседателот и неговиот Кабинет да ја користат Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции.

Претседателот Пендаровски на средбата посочи дека Алатката за отчетност ќе започне да се применува по завршување на неопходните технички подготовки кои се очекува да завршат во последниот квартал на годинава.

Претседателот Пендаровски истакна дека користењето на Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции е во насока на поголема транспарентност на институциите пред граѓаните, како и одговорно работење.