недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 120
home Вести

Пендаровски одлучи: Армијата ќе се ангажира во Дебар и Центар Жупа

Пендаровски одлучи: Армијата ќе се ангажира во Дебар и Центар Жупа

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.

Одлуката, како што соопшти кабинетот на претседателот, е донесена во функција на спречување на ширењето на коронавирусот COVID-19 и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.

Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба.

Силите и капацитетите на Армијата ќе бидат ангажирани од 13.03.2020 до 11.04.2020 година.

Коронавирус