понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 77
home Вести

Пендаровски не го прочитал Преспанскиот Договор

Пендаровски не го прочитал Преспанскиот Договор

Ме чуди да не сте го прочитале Преспанскит Договор, му порача професорката Гордана Силјановска Давкова на својот против кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски.

-Донесувањето на Преспанскиот Договор и промената на уставот беше извршено заради барање однадвор. Како не можете да на правите разлика, а кога сте вие одвнатре што сакате можете да загарантирате со вечна клаузула, тоа не значи дека… говорам за името, можете да го вратите слободно, не говорам дека некој друг повторно неможе да го смени уставот, ама калузилите обично се ставаат на уставите… Французите за републиката, Германија за федерацијата, Шпанија за унитарната држава, за нешта кои што, кога биле на атак се заканувала опасност, бидејќи еднаш под притисок името ни го сменија, можеме слободно некоја генерација да стави вечна клаузула. Инаку ве упатувам на Преспанскиот Договор, во еден став на договорот кај што се зборува за името се вели страните се обврзуваат дека нема да го сменат ова решение, и ме чуди да не сте го прочитале.

Преспанскиот договор завршува со тн. вечна клаузува таа вели дека е непроменлив, непроменливоста е политички чин, а не правен, рече кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ учествувајќи на првата телевизиска дебата со останатите двајца кандидати Стево Пендаровски и Блерим Река на телевизија Телма.

-Во овој контекст за тоа дали уставот е променлива категорија Сиљаноска продолжува: „Нашиот Устав се знае дека неможе да биде непроменилив. Од Русо преку Џеферсон до Венизелос сите велат дека секоја генерација има право на свој устав и да го смени тој устав и ние можеме да го смениме еден ден“. Но, дека ова го има во Преспаснкиот договор за кандидатот на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски е непознато.

-Ова е ново, не го имам слушнато, дека Преспаснкиот Договор е непроменлив е вечен, рече Пендаровски.

Коронавирус