недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 22
home Вести

Пендаровски: Не е морално тоа што некои добија амнестија, а некои не за 27-ми април

Пендаровски: Не е морално тоа што некои добија амнестија, а некои не за 27-ми април

Во гостувањето во емисијата „Отворено“ на ТВ 24, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски истакна дека не е морално тоа што дел од инволвираните во настаните на 27-ми април добија амнестија, а дел не. Според него иницијативата на Митко Чавков до Уставниот суд има човечка логика. -Се работи за малку поинаков основ поради кој бараат ревизија на таа амнестија, тоа е закон за амнестија ова е одлука на Иванов.

Таму мислам дека е главниот аргумен зошто се одеше селективно во давањето на амнестија и не беа опфатени сите учесници на 27-ми април. Тоа е сосема друг правен основ. Знаете што во крајна истанца секоја власт ќе ви каже кога носиш закон за амнестија па и кога даваш амнестија како поединец, како претседател дека тоа на крајот е политички чин. Зошто е овој закон ваков, а не инаков тоа е политичка волја на оние кои имаат мнозинство во тој момент во парламентот.

И можат да ви речат оние кои што го носеле законот само тие, тие и тие треба да се амнестираат, другите не. Тоа е легитимно од правен аспект меѓутоа дали е морално, да оставиме судиите на Уставниот суд да решаваат. Мене ми се чини на прва кога гледам дека оваа вторава иницијатива што ја зборуваме нема толку политика во себе колку што има првата, првата има неспорно многу политика.

Господниот Чавков, човекот кој добил 18 години како еден од организаторите ако не се лажам пишуваше во пресудата на 27-ми април и бил високо позициониран во МВР, он добива 18 години, а вели некои се шетаат слободни, а бевме еден до друг или заедно бевме тој ден. Тука има барем некоја човечка логика, не навлегувам во правната логика, вели Пендаровски.

Коронавирус