петок, 14. мај 2021. Вести денес: 151
home Вести

Пендаровски на средба со Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија

Пендаровски на средба со Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал-потполковник Даниел Петреску, кој престојува во официјална посета на земјава.

-На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, особено за соработката во одбраната која опфаќа посети на високо ниво, експертски средби во областите на одбранбеното право, логистиката и разузнавањето, обуки, курсеви, учество на вежбовни активности, како и стручни оспособувања во воено-образовните центри во Романија. Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка помеѓу двете армии и констатираа дека со членството на Северна Македонија во НАТО се отворени и нови можности за проширување на партнерството, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот ја истакнал важноста од продолжување и развој на билатералната соработка во областа на одбраната, како и одржување на постојан и динамичен политичко-воен дијалог меѓу двете држави.

На средбата беа разменети информации и мислења за придонесите на армиите во двете земји во справувањето со пандемијата предизвикана од Корона вирусот.

Коронавирус