вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 90
home Вести

Пендаровски: Мојот принцип како претседател ќе биде слоганот на Шарената револуција

Пендаровски: Мојот принцип како претседател ќе биде слоганот на Шарената револуција

Само сакам да порачам дека не смееме да се коцкаме со иднината на земјата и да ставиме под ризик се што успеавме да постигнеме. Да му дадеме легитимитет на патот што го одиме овие две години, да не се занесуваме дека некој може да не внесе во ЕУ и НАТО ако го поништи Преспанскиот договор или Законот за јазици. Тоа е пропаганда што не ни носи добро ни како на луѓе, ни како на држава, истакна Стево Пендаровски пред присутните во СРЦ „Борис Трајковски“.

Според него, главниот слоган на Шарената револуција „Нема правда, нема мир“, не смее да се заборави.

Напротив, тоа, како што рече Пендаровски, ќе биде и негов принцип како иден претседател.

На конвенцијата присуствуваа и премиерот Зоран Заев, министри, пратеници, градоначалници, членови и симпатизери на СДСМ.

Коронавирус