вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 159
home Вести

„Пендаровски менува 30 годишна традиција затоа што нема што да каже и се крие од народот“

„Пендаровски менува 30 годишна традиција затоа што нема што да каже и се крие од народот“

Претседателот Пендаровски е тој кој што покажува крајно непочитување на традицијата за одбележување на најголемиот македонски празник Илинден и непочитување на жртвата на илјадници македонски херои кои го положија животот за слобода и независна Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пендаровски е единствениот кој што не покажа доблест да одржи говор на Мечкин Камен бидејќи бега и се плаши од сопствениот народ.

И како таков ќе остане запаметен во македонската историја. Бидејќи ќе биде првиот и единствениот кој што не се обратил на нацијата од Мечкин камен.

Длабоките политички разлики и поделби во Македонија се производ на политиките и однесувањето на власта на која што припаѓа самиот Пендаровски.

Доколку сакаше Пендаровски ваквите состојби да ги смени имаше можност преку конкретни дела тоа да го направи, но тој реши да остане во скутот на Зоран Заев и да биде обичен нотар на неговите штетни политики, нем свидетел на корупцијата на власта и одобрувач на газењето на македонските национални и државни интереси, стои во партиската реакција.

Коронавирус