среда, 31. мај 2023. Вести денес: 100
Во живо

Трибина на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“

home Вести

Пендаровски ќе се обрати на 75. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Пендаровски ќе се обрати на 75. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видео-порака ќе се обрати на Генералната дебата во рамки на 75. Генерално Собрание на Обединетите Нации, што годинава, поради пандемијата од КОВИД-19, се одвива без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Светската организација во Њујорк.

Видео-пораката, како што соопшти кабинетот на претседателот, ќе биде емитувана во салата на Генералното Собрание на ОН, кадешто ќе бидат присутни претставници на секоја од земјите-членки. Предвидено е обраќањето на претседателот Пендаровски да биде емитувано на сесијата што започнува во 15:00 часот по средноевропско време.

Темата на 75. сесија на Генералното Собрание на ОН е „Иднината што ја сакаме, Обединетите Нации што ни требаат: Потврдување на нашата колективна посветеност на мултилатерализмот – соочување со КОВИД-19 преку ефективна мултилатерална акција“.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде емитувано на веб-телевизијата на Обединетите Нации http://webtv.un.org .