понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 137
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Пендаровски: Имаме државен консензус дека сакаме да одиме по европскиот пат

Пендаровски: Имаме државен консензус дека сакаме да одиме по европскиот пат

Заврши првиот дел од лидеркста средба во вила Водно. Претседателот Пендаровски за време на паузата рече дека се разговарало за одлуката на ЕУ лидерите Македонија засега да не ги почне пристапните преговори со ЕУ.

Нашата држава е по третпат во слична ситуација, рече Пендаровски, објаснувајќи ги сите три ситуации, но за разлика од претходните , овојпат Македонија ги има исполнето сите предуслови.
Сите лидери присуни се согласиле дека ЕУ патот е единствениот пат за Македонија, бидејќи тоа е единствениот начин за подобра иднина.

Имаме државен консензус, независно од заклучоците на ЕУ самитот, согласност од сите присутни, дека ние немаме проблем со новата методологија, која се бара. Се согласија дека немаат проблем со реверзибилниот процес, бидејќи немаме од што да се плашиме, и сите присутни рекоа дека не за какви било алтернативи за приклучување на процесот. Имаше предлози да не стават во категорија СОСЕДСТВО, но ние сме дел од Европа, и ние не бараме никаква алтернатива, само како полноправна членка на организацијата, изјави претседателот.
Било кој да е на власт или во опозиција во наредниот период ветија дека ќе работат на нашето приклучување кон Европа.

По паузата, Пендаровски најави дека ќе се зборува за втората точка, а тоа се предвремените парламентарни избори и одлуката за тоа кога би се одржале.

Коронавирус