петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски ги прими членовите на Комисијата која го следи покривањето на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини

Пендаровски ги прими членовите на Комисијата која го следи покривањето на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Комисијата за следење на имплементацијата на препораката на Владата за јазично покривање на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини на територијата на Македонија.

На средбата се разговараше за статусот на спроведувањето на оваа препорака. Соговорниците се осврнаа на правната регулатива за ова прашање во Законот за аудиовизуелни медиумски услуги, како и Европската регулатива за прекугранични телевизии која е посочена и во нашиот Закон како меродавна за оваа проблематика.

Членовите на Комисијата го запознаа претседателот Пендаровски за исходот од досегашните разговори со операторите кои емитуваат спортски канали, во контекст на спроведување на локализацијата, особено анализата на договорите за лиценцните права врзани за територијата на нашата држава.

Коронавирус