четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 168
home Вести

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Исламската Република Пакистан

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Исламската Република Пакистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Исламската Република Пакистан во Република Македонија, со седиште во Софија, Мариам Мадиха Афтаб.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски истакна дека како одговорна членка на меѓународната заедница, Република Македонија им придава значење на односите со сите држави, за доброто на нашите народи, обезбедување и зацврстување на мирот во светот, како и одржлив развој и економски просперитет.

„Дозволете ми, во тој контекст, да ги нагласам интересот и подготвеноста на Република Северна Македонија за натамошно унапредување и за развој на односите и соработката со Исламска Република Пакистан во сите домени од заеднички интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план“, рече претседателот Пендаровски.

Новоименувата амбасадорка Мариам Мадиха Афтаб нагласи дека од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји пред речиси 20 години, Пакистан и Северна Македонија градат срдечни и пријателски односи и споделуваат заеднички вредности и силна посветеност за заеднички придонес кон изградба на мирен и просперитетен свет.

„Пакистан со нетрпение очекува тесна соработка со Северна Македонија за понатамошно зајакнување на нашите билатерални односи во низа области, од економија и трговија до образование, култура и животна средина“, рече амбасадорката Афтаб.

Претседателот Пендаровски на новоименувата амбасадорка на Исламската Република Пакистан, Мариам Мадиха Афтаб ѝ посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Коронавирус