понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 71
home Вести

Пендаровски ги достави одлуките за прогласување вонредна состојба

Пендаровски ги достави одлуките за прогласување вонредна состојба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги доставил до Собранието одлуките за прогласување вонредна состојба.

„Во согласност со Уставот, денеска до Собранието за потврдување ги испратив петте одлуки со коишто беше прогласена вонредна состојба во државата во услови на пандемија на вирусот Корона. Одлуките ги донесов во периодот од март до јуни оваа година на предлог на Владата и во ситуација на распуштено Собрание, без можност да одржи седница на која самото би можело да одлучува за потребата од вонредна состојба во услови на пандемија“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Претходниот собраниски состав не ги потврди одлуките на Пендаровски зашто собранискиот спикер Талат Џафери одбиваше да свика седница, со образложение дека пратениците се распуштени.

Коронавирус