среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 178
home Вести

„Пендаровски е новиот Заев- лаже, заборава, негира и тој човек не може да биде претседател“

„Пендаровски е новиот Заев- лаже, заборава, негира и тој човек не може да биде претседател“

Стево Пендаровски е нов Зоран Заев, лаже, заборава, негира. Пендаровски е човек кој не може да биде претседател. Пендаровски е човек без став, тој пред само пет години велеше дека името не може да се смени без национален консензус, сега истото го заборави и премолче додека неговиот шеф Заев сам го истурка процесот за промена на името, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пендаровски е бледа копија на Зоран Заев. На Република Македонија не и треба нов Зоран Заев кој ќе работи спротивно на интересите на граѓаните. Република Македонија има потреба од честит претседател, кој ќе ги почитува Уставот и законите, стои во реакцијата и се додава:

„СДСМ го потценува народот, кога за претседател предлага човек, кој го нарече стока сопствениот народ. Стево Пендаровски не е лик кој обединува, Стево Пендаровски подвојува. СДСМ и Пендаровски мора да изгубат, тоа ќе биде причина за предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе имаат можност да го испратат Зоран Заев и СДСМ на темната страна на историјата“.

Најнови вести

Локални избори 2021