среда, 2. декември 2020. Вести денес: 195
home Вести

Пендаровски дрзок и нервозен упаѓа во зборовите на противкандидатите

Пендаровски дрзок и нервозен упаѓа во зборовите на противкандидатите

На третата претседателска дебата на Сител телевизија додека одговараа противкандидатите професорката Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река, кандидатот на СДСМ нервозен и многу дрзок на повеќе наврати им влета во говорењето.

Додека професорката Силјановска говореше за она кое што ќе биде фокус во преостанатиот дел од кампањата, ја прекина на дрзок начин со поставување прашање каков бил концептот на емисијата дали можело де се поставуваат прашања додека говори некој од соговорниците.

Професорката Силјановска говореше за тоа дека во секој нејзин говор и настан нема испуштено ниту еднаш да се обрати кон сите граѓани од сите заедници кои живеат во Македонија, Пендаровски повторно многу некултурно ја нападна професорката прашувајќи ја дали таа е независен кандидат, нешто што воопшто не беше предмет на дискусија.

Пендаровски го прекина кандидатот Блерим Река кога започна да говори за тоа дека нема ниедна пресуда за сторен криминал за мегакоруптивните скандали во последниве неколку години, Пендаровски многу дрско и некултурно, продолжи да се обраќа кон господинот Река.

Пендаровски на многу нервозен, дрзок и некултурен начин и покрај опомените од страна на другите двајца кандидати продолжи да се однесува во текот на останатиот дел од дебатата.

Коронавирус