среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 40
home Вести

Пендаровски доби докази за да го избрка својот најблизок соработник во кампањата

Пендаровски доби докази за да го избрка својот најблизок соработник во кампањата

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на дебатата во Сител јавно вети дека ако некој во неговиот тим ја навредувал професорката Гордана Силјановска веднаш ќе го избрка од кампањата.

Дебатата на Сител се уште незавршена а Пендаровски веќе доби докази со кои ако држи до зборот мора да го избрка шефот на централниот штаб на неговата кампања.

Директорот на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски – Чомбе на Фејсбук објавува став дека Гордана Силјановска Давкова треба да „оди во Бардовци” израз што значи дека треба да се лечи во Психијатриската болница во скопската населба Бардовци.

Оргиналниот пост на кој Галетановски со коментар ја навредил Силјановска

Кон крајот на дебатата од видеото на Сител се гледа дека Пендаровски веднаш ќе го избрка тој член на неговиот тим кој што ја навредувал Силјановска.

Коронавирус