четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски дециден за датумот на предвремените парламентарни избори

Пендаровски дециден за датумот на предвремените парламентарни избори

Во однос на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 12 април 2020 година, Пендаровски вели дека тие треба да се одржат по договореното. Исто така Пендаровски посочи дека никому не оди во прилог доколку изборите се одложат и политичките поени кои партиите треба да ги собираат за тој ден, требале да ги соберат досега врз основа на сработеното.

“Кога свикав лидерска средба, кај мене беа дојдени сите претставници од политичките партии. Сите тие застанаа позади овој датум и пружија рака за одржување на изборите. Не гледам причина зошто изборите би се одложиле”, вели Пендаровски.

Одложувањето на изборите може да донесе само нови проблеми и заплети. На народот не му требаат веќе кочници, туку прав пат по кој ќе продолжи во остварување на целта, односно влезот на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Што побрзо се формира новата Влада во државата, толку побрзо ќе се почувствуваат сите благодети, додаде Пендаровски.