четврток, 5. август 2021. Вести денес: 149
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Пендаровски би ја продолжил вонредната состојба само ако има договор меѓу партиите за друг изборен датум

Пендаровски би ја продолжил вонредната состојба само ако има договор меѓу партиите за друг изборен датум

По 88 дена и четири одлуки на шефот на државата, во Македонија денеска е прв ден без вонредна состојба, што значи и почеток на роковите за довршување на предвремените парламентарни избори.

Претседателот Стево Пендаровски е подготвен да ја продолжи вонредната состојба, ако има договор меѓу партиите за друг изборен датум, по 5 јули.

Оваа го најавуваат од претседателскиот кабинет, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика шефот на државата да донесе нова одлука за вонредна состојба, за изборите да може да се одржат на средината на следниот месец, откако во земјава ќе пристигнат набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и ќе бидат донесени нови здравствени протоколи за побезбедно гласање.

„Претседателот е подготвен да донесе нова одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на цела држава, само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување“, велат од кабинетот на Пендаровски.

Претседателот во петокот ги повика на средба лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но тие не дојдоа до компромисно решение за изборниот датум.

Коронавирус