понеделник, 24. февруари 2020. Вести денес: 167
home Вести

Пемова: Со зголеменото одданочување и програмерите ќе ја напуштат државата

Пемова: Со зголеменото одданочување и програмерите ќе ја напуштат државата

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова на денешната расправа во Собранието рече дека воведувањето на прогресивниот данок од 1 јануари 2019 година предизвикало многу реакции од стопанствениците но, и од експертите кои се загрижени дека со тоа нема да се постигне ефектот кој што сака, односно го очекува Владата, туку напротив ќе се зголеми даночната евазија.

-Особено ќе бидат на удар повеќе сектори и тоа секторот воздупловен транспорт или сектор компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Во моментов просечната плата во овие дејности изнесува околу шеесет илјади денари, што значи дека приличен број на вработени токму во тие сектори имаат примања над шеесет илјади денари или над границата за зголемено одданочување, потенцираше пратеничката Пемова.

Таа истакна дека наместо овие кадри во овие области кои се иднина и носители на напреднати технологии како што се програмерите, со зголемото одданочување на нивните примања ќе се случи и тие да ја напуштат Република Македонија.

Пратеничката Пемова додаде дека по оваа мерка од страна на Владата иако програмерите се добро платени, сепак размислуваат да ја напуштат државата. Имено таа нагласи дека само во Република Македонија програмерите дополнително ќе се одданочуваат.