среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Пемова: Со новиот закон за социјална заштита власта укинува права и средства на социјално загрозените лица

Пемова: Со новиот закон за социјална заштита власта укинува права и средства на социјално загрозените лица

Со новиот закон за социјална заштита се укинуваат одредени права на социјално загрозени лица кои што досега ги уживаа и се трансформираат во други права каде висината на средствата која ќе ја примаат граѓаните е многу пониска од таа досега, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова во нејзиното гостување на Само вистина на Канал 5 Телевизија.

Пемова потенцираше дека со новиот закон власта им крати од средствата на примателите на постојаната парична помош, го укинува додатокот за трето дете и им ги намалува за 50% средствата за покривање на енергенсите во семејствата, односно ако тие досега 12 месеци земаа по 1000 денари, со новиот закон ќе земаат само 6 месеци.

Искрено е да кажете дека тој додаток навистина се намалува за 50%, исплатата е за 6 месеци а висината е 1000 денари, додека досега со старото законско решение исплатата е 12 месеци по 1000 денари. Ако досега земаа 12.000 во годината сега ќе земаат само 6.000 денари, истакна Пемова обраќајќи се до министерката Царовска.

Токму затоа таа вели дека овој закон за социјална заштита нема да биде добар, односно нема да биде одржлив за долг временски период, бидејќи власта значително им крати средства на социјално загрозените лица, а од друга страна манипулира дека прави реформи, кои во реалноста се погрешни и манипулативни.

Коронавирус