петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пемова: Оваа влада нема слух за проблемите на граѓаните

Пемова: Оваа влада нема слух за проблемите на граѓаните

Весна Пемова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на Комисијата за финансии и буџет предложи амандман да се обезбедат средства во висина од 50 милиони денари за изградба на локалниот пат село Сопот и село Рибарци, во должина од 5.2 километри заради олеснување на транспортот на земјоделските производи.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, без образложение само рече дека поднесениот амандман не се прифаќа.

-Потребата на жителите од Сопот за изградба на овој локален пат с. Сопот- с. Рибарци е огромна, бидејќи жителите од оваа село главно се занимаваат со земјоделска дејност. Овде има доста големи површини со обработлива земјоделска површина и тоа е нивното главно занимање. И поради олеснителни околности односно подобар транспорт на нивните производи и тие го бараат овој пат, појасни Пемова.

Најнови вести

Коронавирус