петок, 25. септември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Пемова: Измена и дополнување на Законот за минимална плата во овој предизборен период е чист популизам

Пемова: Измена и дополнување на Законот за минимална плата во овој предизборен период е чист популизам

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова која што посочи дека зголемување на минималната плата претставува популистичка мерка за купување на гласови пред избори.

Многу економски експерти велат дека ако се тргне од фактот дека платата е една економска мерка тогаш висината на платата многу зависи од економските чинители, а не од политичката волја и желба. Сметаат дека оваа измена и дополнување на Законот за минимална плата во овој предизборен период е чист популизам, и е само во една насока односно за купување на гласови, и дека нема економска база и економска логика за зголемување на минималната плата во овој период. Бидејќи отпуштањето на работниците ќе биде поголемо, појасни Пемова.

Пемова додаде дека ваквото административно покачување на платата нема никаде ниту во Европа, дури ниту во светот.

Опасноста од ваква популистичка мерка на владата за зголемување на минималната плата укажува и Светската Банка во извештајот за земјите на Западен Балкан, каде што спаѓа и Република Македонија. Светската Банка ја предупреди владата од опасноста, истакна Пемова.

 

Коронавирус