сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 96
home Вести

Пекол во Македонија: Ова се моменталните температури низ државата

Пекол во Македонија: Ова се моменталните температури низ државата

Кавадарци со измерени 36 степени во 13 часот е најтоплиот град денеска низ цела Македонија.

Во главниот град Скопје температурата во 13 часот изнесува 35 степени, исто како и во Куманово, Струмица и Велес.

Во Охрид температурата во 13 часот е 28 степени.

Уште повисоки температури се очекуваат во текот на следните часови од денешниот ден, односно температурата во Скопје ќе достигне 38 степени, додека исто жешко се очекува да биде и утре за кога се прогнозира највисока дневна температура од 38- 39 степени.

Во сабота ќе има зголемена облачност и развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за пет до шест степени.

Според прогнозите, во сабота максималната температура ќе биде 34, а во недела 33 степени.

До среда, темепратурите ќе се движат од 12 степени во утринските часови, до максимални 37 степени.

Коронавирус