Денес и утре времето ќе биде сончево и многу топло со максимални температури кои вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени.
Утре ќе се задржи сончево и многу топло време со максимални температури кои вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Во петок и понатаму ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град.
Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.