четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 210
home Вести

Пејоска: Филипче да обезбеди пензиско и здравствено осугурување за младите специјализанти и да им ги покачи платите за 100%

Пејоска: Филипче да обезбеди пензиско и здравствено осугурување за младите специјализанти и да им ги покачи платите за 100%

Барањата на приватните специјализанти се уште не се исполнети дури и после месец и половина од нивната средба со министерот за здравство Венко Филипче. Дали министерот свесно ги фрла во оган младите доктори во Македонија и со тоа го загрозува дополнително и онака кревкиот здравствен систем?, изјави денеска за медиумите Марија Пејоска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во време на пандемија додека сите држави низ Европа го наградуваат медицинскиот кадар со зголемување на платите од 100%, ние говориме за елементарни услови за работа и остварување на законски или човекови права.
Барањата на специјализантите вклучуваат најпрво да се платат 24 часовни дежурства, а потоа и здравствено осигурување за сите приватни специјализанти, како здравствено, така и пензиско осигурување, субвенции за домување на специјализанти, како и израмнување на коефициентот специјалисти/супспецијалисти во интернистичките и хируршки гранки. Овие барања беа доставени до министерот на 29 септември 2020 година и нивното исполнување било ветено од страна на министерот, посочи таа.

– Зошто, дури и после месец и половина, кога огромен број на млади доктори секојдневно го ставаат својот живот на ризик грижејќи се за болни од КОВИД-19, се уште нема одговор и решение за нивните барања? Зарем младите доктори не заслужуваат да бидат наградени за својот несебичен труд и придонес во справувањето со КОВИД-19?
Го повикуваме министерот да поминува помалку време со ангажман на ПИ-ар папагали, а повеќе време да посвети на млади доктори специјализанти кои секојдневно се на првата борбена линија со КОВИД 19.
Бараме:
-Покачување на платата на младите доктори и специјализанти во сите установи во кои се ангажирани за 100%.
-Пензиско и здравствено осигурување за СИТЕ приватни специјализанти, бидејќи најголем дел од нив немаат никакво здравствено осигурување, а се ангажирани во КОВИД центрите.
-Соодветно домување за сите кои немаат каде да престојуваат, а се распоредени во КОВИД центри надвор од нивното место на живеење.
Младите лекари се искористуваат и злоупотребуваат како никаде во светот!
Време е тоа да прекине!
Специјализантите заслужуваат достоинствена плата и награда, децидна е Пејоска.

Најнови вести

Локални избори 2021