сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 69
home Вести

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во Скопје

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во Скопје

Македонскиот пејач Влатко Илиевски е пронајден мртов вчера вечерта во својот автомобил.

Информацијата за Курир за потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде посочуваат дека кај нив е пристигната пријава околу 23 часот синоќа.

Од МВР истакнуваат дека Илиевски бил пронајден починат во возило марка „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“. Неофицијално, на неговото тело не биле забележани траги на насилство.

Министерството за внатрешни работи информира дека на лице место е извршен увид од страна на полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција по што се очекува да бидат познати повеќе детали.

Триесет и три годишниот Влатко Илиевски беше еден од најпознатите рокери во Македонија.

Коронавирус