петок, 30. септември 2022. Вести денес: 139
home Вести

Пејачката Викторија Лоба доби, Џевахир на листа за чекање за македонско државјанство

Пејачката Викторија Лоба доби, Џевахир на листа за чекање за македонско државјанство

Владата на последната седница одлучуваше по барањето на Есер Џевахир, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија.

Од Владата за еМагазин, велат дека неговото барање е одложено за некоја од наредните седници:

„Барањето на Есер Џевахир за прием во државјанство на Република Македонија е одложено за некоја од наредните седници“.

Есер Џевахир е прв човек на „Џевахир холдинг“, турска компанија која во главниот град Скопје го реализира градежниот проект „Џевахир скај сити“ во чии рамки се градат неколку облакодери со кои Македонија ќе ги добие највисоките градби на Балканот.

За разлика од него, пејачката Викторија Лоба неодамна доби македонско државјанство.

Коронавирус