петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 41
home Вести

Пецаков: Животот за сите кој го ветуваше СДСМ е само празна флоскула, граѓаните се чувствуваат разочарано

Пецаков: Животот за сите кој го ветуваше СДСМ е само празна флоскула, граѓаните се чувствуваат разочарано

Имаме полнење на институциите со партиски кадри, имаме бркање од работа на вработени во образовниот сектор, градинките и школите и се бркаат бремени жени, самохрани мајки, се бркаат луѓе вработени во тој  образовен сектор, а тие примања биле единствени во таа фамилија. Значи буквално се спроведува тотална партизација на целите структури а имаме вкрстување на урбаната мафија во овој период во нашиот град – Охрид, констатираше Кирил Пецаков советник во општина Охрид и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, градоначалникот на СДСМ во Охрид наместо да даде отчет за 100 дена локална власт што сработил, тој презентирал програма за што ќе работи во наредниот период.

– Генерално, 100 дена лаги, хаос, манипулации. 100 дена доволни за да ни покажат дека она кое што претставува или флоскулата наречена „живот за сите“ е само една празна флоскула во која што ни самите не веруваат, рече Пецаков.

Пецаков додаде дека во Охрид се назначувале членови на Управни и Надзорни одбори кои не исполнувале услов за да членуваат во овие одбори и како реакција на незаконското работење на локалната влас на СДСМ во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе поднесе претставка до државниот инспекторат за локална самоуправа.

Тој додаде дека со економијата се случува генерален хаос, а сето тоа е всушност одлика на СДСМ. Пецаков констатираше Владата на СДСМ со задолжување од 1 милијарда евра секое четири члено семејство го задолжила со по 1200 евра.

Немаме инфраструктурен проект, немаме подобрување на стандардот на граѓаните, немаме покачување на платите на здравството. Оние покачувања на пензиите кои што го предвиде ВМРО-ДПМНЕ за 2018 година е укинато. Немаме повраток на ДДВ на секое четири члено семејство кое Заев ревносно го најавуваше во изборниот период. Едноставно и во овој дел од економијата од лага во лага влегуваа СДСМ како влада и тоа лошо се одразува на граѓаните, потенцираше Пецаков.

Локални избори 2021