сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

Пецаков: Во Собрание опозицијата учествува со изедначени сили со мнозинството, а власта не може да обезбеди негово непречено работење

Пецаков: Во Собрание опозицијата учествува со изедначени сили со мнозинството, а власта не може да обезбеди негово непречено работење

Иако власта има мнозинство во македонскиот Парламент од 62 пратеници, сепак власта и опозицијата по однос на пратеници во Собранието учестуваат со изедначени сили, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Тој ова го истакна во емисијата „Патот кон“ која се емитува на Алсат телевизија, каде што додаде дека тенкото мнозинство кое што го има власта се одражува и на функционалноста на Собрание.

-Така што една седница за да се одржи, обично започнува со задоцнување и со многу прекини во текот на работниот ден, иако од власта често знаат да кажат дека ова мнозинство е со четири годишен мандат кое треба да ги спроведе реформоите кои што тие ги замислиле.  Власта има мнозинсто во Собрание од 62 пратеници и на нив останува организирањето и обезбедуањето кворум за работа. Но, реалноста е дека стануа збор за апсолутно изедначени сили во Собранието меѓу власта и опозицијата, односно бројот на оние пратеници кои што ја прават власта и бројот на пратеници кои што се опозиција, што самото по себе доведува по мачен процес за владеачкото мнозинство по однос на динамиката на носење закони и сите оние работи кои што сакаат да ги спроедат. Меѓутоа, затоа се тие власт, рече Пецаков.

И ќе потсетам, додаде тој, дека во овие изминати неколку месеци каде што имаме работа, посебно при изборот на претседателот на Собранието на Република Македонија и секако и изборот на Влада, најголем дел од пратениците од ладеачкото мнозинство, на секој говор истакнуваа дека ова е владејачко мнозинство, кое што ќе трае четири години, кои што ќе треба да ги спроведува реформите кои што ги имаат замислено итн.

Пецаков додава дека праксата го покажуа токму спротивното и дека владеачкото мнозинство мака мачи со обезбедување кфорум и обезбедување нормално работење на Собранието.

– Праксата покажува сосема поинаку, дури и работен ден кога имало мнозинсто затоа што со една одлука е донесена со 61 и после се прекинало. Ќе се обидам на кратко да објаснам. Во 11 закажана седница, започнува во 11:45 минути, трае пет минути, па имаме пауза од еден час, наместо да зашпочне во 13 часот започнува во 14:30, три точки поминуваат, се прекинува седницата на дневен ред, истакна Пецаков.

Пецаков не искоментира прецизно за што станува збор но додаде дека, тоа е веројатно заради преговорите и заради побарувањата на одредени пратеници од самото владеачко мнозинство и дека тоа е реалноста со која што тие се соочуваат како пратеници во Собранието.

Пецаков, исто така, вели дека тие како опозиција во собранието делуаваа конструктивно и дека за законите кои што беа од суштинско значење за македонските граѓани, како Законот за здравствена заштита на населението и за ребалансот на Буџет, гласаа воздржано затоа што имаа сериозни забалешки за недостатоци во самите закони кои што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги образложија на самите седници.

Коронавирус