Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, Силвана Ангелеска и Драги Димитриевски, денес беа во посета на ОК Кичево. Остварија средби со граѓаните кои се дел од акцијата „Лето за Македонија“, но и имаа состанок со Општинскиот комитет на партијата.
Голем број кичевчани беа дел од средбите, а очевидна беше заинтересираноста на граѓаните да се сретнат со претставниците на ВМРО- ДПМНЕ.
Пецаков по средбите даде кратка изјава за нашата редакција, при што посочи дека граѓаните се револтирани од лагите и неискрениот однос на власта.
– Едно камче се нема помрднато ниту во оваа ниту во другите општини. Притоа премиерот бега од дуел затоа што треба да одговори за криминалите и за аферите кои се случуваат на дневно ниво, но и за лагите кои ги пласираат, па така на билборди ќе стават дека во ЕУ и НАТО ќе имаме бесплатно образование и здравство, ајде што не е така, туку и безочно лажат затоа што ние во ЕУ нема да бидеме не за 15 туку ниту за 100 години со ваква власт, затоа што за таму е потребна работа, а не криминал и афери, изјави Пецаков.
Тој додаде и дека оваа власт е колективна несреќа за Република Македонија и македонскиот народ.