недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Пецаков: Македонски Брод е запустен, луѓето се иселуваат и никој не останува заради безперспективноста креирана од власта

Пецаков: Македонски Брод е запустен, луѓето се иселуваат и никој не останува заради безперспективноста креирана од власта

Македонски Брод е запустен, луѓето се иселуваат и никој не останува, сето тоа заради безперспективноста креирана од власта, наместо да работат за вас граѓаните тие секојдневно праваат криминал, рече Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Општина Македонски Брод.

Тој потсети на бројните милионски тендери кои наместо фирми со долгогодишно искуство во областа  ги добиваат ново форрмирани фирми без искуство во работата, а на чело на тие фирми често е некој  близок на некој функционер од власта.

Се делат тендери од ќерка директор на татко бизнисмен, милионски бизниси се делат  во четири очи, нетранспарентно и со сомнение за неправилности, нагласи Пецаков.

– Целиот референдумски процес сега што го спроведуваат им е токму за прикривање на овие криминали. Нема инвестиции во реалниот сектор, економијата тоне, нема развој ниту во образованието, ниту во здравство, напротив и тие сектори се зафатени со милионски криминал.

Договорот пак, кој толку силно го бранат е најштетниот договор некогаш потпишан во историјата на Македонија, со него се губи идентитетот, историјата, културата и традицијата на нашиот народ.

Пецаков кажа дека за овие година ипол откако СДСМ е власт, граѓаните немаат видено ништо добро. СДСМ и Заев  знаат колку штета и нанесоа на  државата, затоа и Заев  бега од телевизиско соочување со Христијан  Мицкоски, знае дека неможе да го оправда капитулантскиот договор, ниту пак да негира дека со договорот го губиме идентитетот, историја, културата и традицијата. Токму затоа оваа власт мора да си оди.

Коронавирус