петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Вести

Пецаков: Катастрофалните политики на СДСМ доведоа до пад на здравствените услуги 

Пецаков: Катастрофалните политики на СДСМ доведоа до пад на здравствените услуги 

Генерално падот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс се должи на лошите или катастрофалните политики на СДСМ во изминатиот период кој сами по себе доведоа до некои случаи кои на крајот доведоа до смртни случаи. Меѓу тие случаи имаме 10 тина новородени кои што се починати, имаме недостаток на лекови поконкретно оние кои што граѓаните ги добиваат на рецепта после дваесетти во месецот што значи дека оние квоти кои што министерството се лошо проектирани, имаме недостаток на лекови за оние ретки болести, истакна Кирил Пецаков член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното гостување во емисијата „Алфаскоп“ на телевизија Алфа.

Пецаков додаде дека во здравството се случуваат и многу други скандалозни работи, а аналогна на тоа спомена и за лажните ветувања на СДСМ за покачување на платата на докторите.

-Нема покачување на капитациониот бод во стоматологијата, а медицинската опремата во болниците и здравствените објекти кои се направени во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ се уништуваат. Капитациониот бод беше предвиден во програмата или беше предизборно ветување на оваа влада, меѓутоа се уште не гледаме ништо, рече Пецаков.

Тој потенцираше дека капитациониот бод во стоматологијата се покачил во 2016-та година во време кога Никола Тодоров бил на оваа челна позиција и претседателот на стоматолошката комора професорот Владимир Поповски.