вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 11
home Вести

Пецаков: Кај сите соседни земји бројките се намалуваат или воопшто нема новозоболени, ние некако “пркосиме” и создадовме ПИК и нови кластери

Пецаков: Кај сите соседни земји бројките се намалуваат или воопшто нема новозоболени, ние некако “пркосиме” и создадовме ПИК и нови кластери

Како што и напишав пред некој ден аплаузот стивнува, ама веќе од денешен аспект гледајќи ја бројката на заболени тешко дека некој го слуша Венко или пак аплаудира…., реагира Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ.

Фејсбук статус на Кирил Пецаков:

Кај сите соседни земји бројките се намалуваат или воопшто нема новозоболени, ние некако “пркосиме” и создадовме ПИК и нови кластери/жаришта во време кога е нелогично е да ги имаме, во добар дел исто како шо напишав претходно заради нелогичните одлуки во самата вонредна ситуација, добар дел носени врз база на политички одлуки, наместо врз јасни и прецизни одлуки кои се за заштита на здравјето на луѓето и негово унапредување!

И се заради една работа, битно било да има брзи избори!!!

Мешајќи ги приоритетите како партија СДСМ надвор од сите протоколи започна кампања меѓу луѓето делејќи флаери и маски, состаноци и промоција на кандидати по изборни единици,притоа како поминуваат деновите гледаме се поголем број заболени од самото раководство на СДСМ, а таквата ситуација делејќи рекламен материјал по плоштадите, пазарите и шеталиштата низ градовите, за мене делува безмалку апокалиптично гледајќи по сликите дека најголем дел од луѓето се и пензионери и постари од 67 и спаѓаат во најризичната група на луѓе која може да биде афектирана од вирусот КОВИД 19. Како и секогаш здравјето, а и општата благосостојба на граѓаните за нив била од второстепено значење на сметка на себепромоцијата!

Секако од се срце, му посакувам успешно оздравување без последици на сите заболени од раководството на СДСМ, меѓутоа за неодговорното однесување и создадениот кластер внатре во самата СДСМ одговорност мора да има!

#Одговорност мора да има и #оставки мора да има!

Се надевам овај пат на состаноците на Оливер, Заев и Филипче наместо да ги одлучуваат следните чекори на здравствената комисија, шо само по себе му е далеку од опис и попис на работа, да си се погледнат очи в очи и да си ги депонираат оставките за неспособноста, неодоговрноста и не знаењето да се води една држава како Македонија и не само во овие вонредни услови на пандемија туку општо во целото владеење!!!

Коронавирус