четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 129
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Пецаков: Амандманите кои ги предлагаме се за доброто на охридско-струшкиот регион

Пецаков: Амандманите кои ги предлагаме се за доброто на охридско-струшкиот регион

Кирил Пецаков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ н денешната Комисија за финансирање на буџет предложи амандман со кои ќе се обезбедат милион денари на студии на мапирање на стратешко индустриските сектори во регионот на Охрид.

-Денеска како амандман го предлагаме да се обезбедат во износ од милион денари за изработка на студии на мапирање на стратешко индустриски сектори во регионот на Охрид. Генерално за Охрид имаме поднесено 6 амандмани. Целта на овој амандман односно како произлезе овој амандман е од состаноците кои што ги имаме како претставници на граѓаните на Охрид со индустрискиот сектор во нашиот град. Добивме неколку предлози како да се подобри или како да се унапреди нивната работа поврзано во секаква смисла на зборот и по однос на она кое што го остваруваат како производство и по однос она она што треба да претставува пласман на производите кои што ги доставуваат, истакна пратеникот.

Пецаков во своето обраќање зборуваше и за вториот амандман поврзан со индустриските зони. Според него целта на овој амандман е анализа на развојните потенцијали и можности на Охрид се со цел за да се мапираат стратешко индустриски сектори за кои Охрид има потенцијали да ги развиваат во иднина.

-Сето ова понатаму ќе претставува и еден водич за сите инвеститори кои досега инвестирале во охридско-струшкиот регион, а секако и понатаму ќе инвестираат во истиот регион, водич за компаниите да знаат каде да ги насочат своите ресурси. Оваа анализа секако дека би ја составиле стручњаци од овој регион кој прецизно за изработка на оваа анализа ќе ни доведе до позитивни вибрации околу секој инвеститор кој понатаму би сакал да инвестира во истиот регион. Ќе се луцираат можности за почеток на нови бизниси и така ќе најдеме начин за она кое досега се отвориле дополнително во изминатите неколку десетици години како број на нови работни места, да отвориме дополнителен број на работни места кои секако дека би допринеле за останување на младите во нашата држава. Гледајќи го начинот на кој што се одвиваат или поминуваат на дневна основа амандманите, а притоа целодневно се работи можам дека ми е криво за тоа што веројатно не би стигнале сите колеги и амандмани кои што ние сме ги предложиле, а како што кажав потекнуваат дел од реалните и суштински проблеми на охриѓани, дел се секако побарување на она што кажав дека се инвеститори во целата работа, кажа тој.

Пратеникот додаде дека ова е само еден дел од проблемите кои се соочуваат како регион и би сакал овој амандман да биде прифатен за доброто на Охрид и охридскиот регион.

Коронавирус