сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 91
Во живо

30-та Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

ПЦР тестовите остануваат задолжителни пред секој натпревар – дури и за прележани и вакцинирани!

ПЦР тестовите остануваат задолжителни пред секој натпревар – дури и за прележани и вакцинирани!

Владата на Република Македонија го одби барањето на спортските федерации за укинување на одлуката за ПЦР тестирање пред секој натпревар. Таа одлука останува на сила, па сите актери на еден натпревар ќе мора да бидат тестирани на ден пред стартот.

Тоа ќе важи дури и за спортистите кои што веќе го прележале коронавирусот, како и за оние што веќе се вакцинирани.

Спротивно на оваа одлука, голем дел од останатите мерки за борба против Ковид-19 веќе не се на сила, а беше скратен и полицискиот час, кој сега е од 23 до 5 часот.

Во ракометните конкуренции останува да се одиграат по шест кола во Суперлигата, Првата лига и во Женската лига, како и натпреварите во Купот на Македонија, а РФМ ја презема обврската да ги покрие сите трошоци за тестирање.

ЕУРО 2020

Македонија