сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Павлова Данева: Се прави мешање на законодавната власт во извршната власт

Павлова Данева: Се прави мешање на законодавната власт во извршната власт

На денешната седница на Комисијата за политички систем каде се расправаше за Законот за висока раководна служба, професорката на Правен Факултет, Ана Павлова Данева зборуваше за овој закон при што кажа дека апсолутно неприфатливо за неа, неприфатливо е за целата научна мисла во државата.

-Она што во многу наврати сме го разговарале со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и формално и неформално на разни средби и од кое не можам да отстапам, е фактот дека со овој закон се прави мешање на законодавната власт во извршната власт. Не е ниту во Португалија, ниту во Белгија, ниту во било која држава во светот, администрацијата и високите носители на јавни функции не се под Собрание. Дали тоа ќе бидат директно пратеници или луѓе избрани од пратениците, сеедно не може собраниски органи да вршат избор на носители на јавни функции од извршната власт. Имаме мешање на две власти, кои се строго децении наназад во нашиот Устав утврдени. Не сакам да твдрам, јас не сум експерт по уставно право, ниту сум уставен судија, но се плашам дека тоа се коси со Уставот, тоа е едната работа истакна професорка Павлова Данева.

Таа во своето обраќање во врска со Законот за администрација посочи дека концептот на Законот е во целосен судир со еден системски закон чиј што предлагач е токму МИОА, тоа е законот за органи и организација и работа на органите на државната управа.

-Во овој закон имате точно набројани кои се органи во состав, точно наброени нивни надлежности и точно набројани како тие луѓе што ги вршат и ги водат овие органи одговараат пред министрите или пред владата или со други зборови пред извршната власт. Што ќе правиме сега ако ова се донесе, тие се во директен судар како прво, а второ законот за органи и организација и работа на органите на државната управа е системски двотретински закон, овој не. Мора да се води сметка, укажа професорка.

Најнови вести

Коронавирус