сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 68
home Вести

Павлопулос: Нема да прифатиме своеволно толкување на преспанскиот договор

Павлопулос: Нема да прифатиме своеволно толкување на преспанскиот договор

Грција сака да воспостави добрососедски односи со Македонија, но нема да прифати своеволно толкување на договорот за името, изјави грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

„Ако договорот дојде до ратификација, ние нема да прифатиме своеволни, па дури и иредентистички толкувања на преспанскиот договор“, рече Павлопулос пред грчките претставници кои работат во европските институции, говорејќи во Брисел.

Шефот на државата посочи дека Грција ги поздравува изгледите за пристапување на Македонија кон НАТО и ЕУ, сѐ до решавање на спорот за името.

„Само кога целиот процес ќе биде завршен и утврдиме дека уставната ревизија содржи гаранции, тогаш може да има покана за прием во НАТО, како и започнување на преговорите за пристапување кон Европската Унија“, додаде грчкиот претседател.

Коронавирус