среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Павле Трајанов: Барањето за албанец премиер не е прифатливо, партија која ќе прифати таква уцена треба да се избрише од политичката сцена

Павле Трајанов: Барањето за албанец премиер не е прифатливо, партија која ќе прифати таква уцена треба да се избрише од политичката сцена

Павле Трајанов претседател на Демократскиот сојуз дел од коалицијата на СДСМ во вечерашната емисија на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека барањето за премиер албанец не е прифатливо.

Трајанов вели дека ДУИ се реални и тие знаат дека идејата за премиер албанец нема да помине.

Таа партија којашто ќе прифати таква уцена мислам дека треба да се избрише од политичката сцена, но тоа нема да го направи ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали е голем притисокот за да се направи влада, таква уцена од ДУИ нема да биде прифатена, вели Трајанов.

Трајанов истакна дека од својата коалиција со СДСМ бара да се земат во предвид три важни барања за неговата партија, како и тоа дека се чека да се види што ќе биде производ на преговорите со ДУИ, но дека СДСМ нема бланко поддршка од страна на Демократскиот сојуз и доколку не бидат исполнети барањата може да се отповика поддршката кон СДСМ.

Коронавирус