вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 110
home Вести

Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

По аферата со аудио снимката, пратеникот Павле Богоевски претпладнево до собраниските служби ја достави оставката, која ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на пратеникот и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.

За Богоевски, кој е претседател на Комисијата, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и е недостоен за вршење на пратеничката функција. Независниот пратеник, кој е дел од пратеничката група на СДСМ, по ова најави дека ќе поднесе оставка, но откако ќе гласа за одземање на мандатот на поранешниот премиер Груевски.

Богоевски за МИА потврди дека веќе поднел оставка, без разлика дали на седницата која требаше веќе да започне само ќе се констатира оставката на Груевски или ќе се гласа за одземање на мандатот, како што предложи Комисијата. Тој за напладне најави прес-конференција во Собранието.

Инаку, Богоевски беше снимен во такси како нарачува дрога.