недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Павле Богоевски го стави на тест Кодексот за однесување на пратениците

Павле Богоевски го стави на тест Кодексот за однесување на пратениците

Павле Богоевски со своето однесување го повреди угледот и достоинството на Собранието, а тоа е спротивно на Кодексот за етичко однесување на пратениците. Прашањето е што ќе преземе Собранието согласно Кодексот кој што беше донесен едногласно и беше дел од процесот Жан Моне.

Во медиумите и јавноста не стивнуваат реакциите за однесувањето на пратеникот на коалицијата на СДСМ и поранешен член на шарената револуција Павле Богоевски.

Согласно Кодексот за однесувањето, доколку пратеникот го повреди угледот и достоинството на Собранието тоа претставува повреда на Кодексот за која што треба да заседава Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања и да изрече мерка.

За етичкиот кодекс гласаше и самиот Павле Богоевски

Етичкиот кодекс беше дел од процесот Жан Моне и беше предмет на дискусија помеѓу опозицијата и власата. Целата на истиот беше да се регулира однесувањето и поведениот на пратениците како претставници на граѓаните и да се заштити угледот на Собранието како највисока институција.

Овој кодекс за однесува на пратениците е донесен на 11.06.2018 и за истиот овој кодекс од собраниските извешти се гледа дека гласал и самиот Павле Богоевски. Тој воедно е и претседател на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања која што треба да расправа за направените повреди и прекршувања.

Собранието и Владата во одбрана на Богоевски

Очекувано власта се стави во одбрана на пратеникот Павле Богоевски. Од една страна од Владата тврдат дека одговорите поврзани со прашања за Богоевски  да се упатат и да се бараат на адреса во Собранието, бидејќи Павле е дел од таа институција. Додека од друга страна Талат Џафери вели дека тој и Собранието немаат никаква надлежност за случајот на Богоевски, а тој е прв должен да постапува согласно Деловникот за работа на Собранието и Етичкиот кодекс за однесувањето на пратениците.

Јавноста се уште чека оставка од пратеничката функција од Павле Богоевски, но и реакција.