петок, 7. август 2020. Вести денес: 113
home Вести

Патриотот Заев со порака до младите: „Да се бориме заедно дома, оти тоа е патриотизам!“

Патриотизмот се почесто е дел од говорите на Заев, а неговиот пример послушно го следат и останатите носители. Меѓу нив предничи новопечениот патриот, Љупчо Николовски. Познавачите, оваа чудна појава, особено од човек кој сам призна дека патриотизмот не им личи на СДСМ, го толкуваат како сламка за спас на политичкиот давеник, кој соочен со резултатите на терен, ќе стори и каже се за да остане на власт...
Патриотот Заев со порака до младите: „Да се бориме заедно дома, оти тоа е патриотизам!“

Младите треба да останат во нашата земја и да се борат со предизвиците. Ова го порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев по вчерашната средба во Чаир.

„Една порака до младите луѓе: Предизвикот е овде. Овде е борбата. Овде се случува европеизацијата на државата. Овде ќе бидат реформите коишто треба да ги правиме. Овде ќе се крева економскиот стандард на народот.

Останете тука и борете се. Од тука создавајте приказни што ќе ги раскажувате на децата и внуците во иднина. Ова е ваша земја, да се бориме заедно дома, оти тоа е патриотизам. Патриотизам е да се крева економскиот стандард на граѓаните, патриотизам е младите луѓе да останат и да градат живот дома!“, напиша Заев на својот профил.

Патриотизмот се почесто е дел од говорите на Заев, а неговиот пример послушно го следат и останатите носители. Меѓу нив предничи новопечениот патриот, Љупчо Николовски.

Познавачите, оваа чудна појава, особено од човек кој сам призна дека патриотизмот не им личи на СДСМ, го толкуваат како сламка за спас на политичкиот давеник Заев, кој соочен со резултатите на терен, ќе стори и каже се за да остане на власт…

Еве го и видеото каде Заев со сегашниот потпретседател и пратеник на СДСМ Мухамед Зеќири, тогаш „професионален“ новинар, признава дека патриотизмот не и личи на СДСм. 

Коронавирус