четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 87
home Вести

Патот Пресека-Врбајни денеска привремено затворен 30 минути

Патот Пресека-Врбајни денеска привремено затворен 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Ситен снег врне на П.Шапка.

На 12.02.2021 од 12 до 15 часот, сообраќајот на патниот правец Пресека-с.Врбајни ќе биде привремено затворен во времетрање од 30 минути, поради минирање.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија