вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

„Патолошкиот лажго Заев е исплашен политичар кој знае дека не може да избега од одговорност за криминалите“

„Патолошкиот лажго Заев е исплашен политичар кој знае дека не може да избега од одговорност за криминалите“

Патолошкиот лажго и криминалец Зоран Заев е истрошен и исплашен политичар кој знае дека ќе треба да одговара пред граѓаните и законите на Република Македонија.         Заев е исплашен затоа што ќе треба да одговара за разнебитувањето на државата, економијата правосудството, но и затоа што го погази достоинството на граѓаните и тргуваше со националните и државни интереси. Исплашениот Заев самиот ја најави победата на ВМРО-ДПМНЕ барајќи техничка влада после 12 април со цел уште еднаш да добие амнестија за криминалите изминативе години, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тој го призна поразот затоа што свесен дека целата јавност знае за заробеното правосудство и диригирањето на истраги и пресуди кај обвинители и судии по принципот „без Заев не се може“ гонејќи ги сите кои не мислат како него. Аболицираниот криминалец Заев призна дека не постои записник дека го пријавил „Рекет“, иако упорно лажеше дека тој го пријавил случајот. Лаже затоа сите знаат дека тој е главата на криминално рекетарскиот октопод, а обвинетите кои ги предупредил се само негови извршители.  Заев лаже за „Рекет“ исто како што лажеше дека нема да го промени името и дека ќе ги врати парите кај граѓаните. Името го промени веднаш штом му се укажа шанса преку заробеното судство и обвинителство, а парите наместо кај граѓаните завршија кај фамилијата Заев и неговите најблиски соработници.  Заев лажеше дека ќе донесе правда, а после три години власт самиот призна дека не донесол правда и протестираше против Рената Дескоска, сопругата на советникот Маричиќ и неговиот татко кој е обвинител, а Заев повторно излажа дека е во пензија, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат: „Заев ги излажа и Македонците и Албанците и сите останати и залудна му е манипулацијата со коалицијата со БЕСА, затоа што нема граѓанин во Република Македонија кој повторно ќе му поверува во неговите лаги“.

-Заев и СДСМ се виновни за сите порази, криминали, сиромаштија и погазено достоинство. Граѓаните нема да дозволат да бидат изманипулирани. На 12 април доаѓа крајот на мафијата на Зоран Заев и доаѓа обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, а потоа следи одговорност, се наведува во соопштението.

Коронавирус