вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

Спасовски повеќе го интересирале чизми од пасоши, Чулев мака мачи да ги реши проблемите во МВР предизвикани од СДСМ

Спасовски повеќе го интересирале чизми од пасоши, Чулев мака мачи да ги реши проблемите во МВР предизвикани од СДСМ

Пасоши нема, граѓаните бесни и револтирани, а екс првиот полицаец Оливер Спасовски во улога на „изгубен Германец“.

Имено, тој до вчера беше министер за внатрешни работи, а денеска на прес-конференција во влада како технички премиер негира дека знае што се случува во ресорот кој го водеше скоро 3 години?!

“Не знам“, „Не е моја надлежност“, “Чулев е одговорен за тоа“, се само дел од одговорите кои ги даваше во владата на новинарите, а од нивните прашање слободно може да заклучиме дека ним, на новинарите, им јасно дека токму Спасовски (не)намерно го предизвика овој проблем, со цел да се обвини техничкиот министер, Наќе Чулев, за овој проблем, кој патем на функвијата не е ни два месеци.

Се поставува едно многу интересно прашање, а тоа е, зошто Оливер Спасовски, кој се претставува како многу одговорен и совесен функционер, оставил хаос позади себе во МВР? Зошто пред да си замине од МВР не го решил овој проблем? Па нели работи совесно, посветено и одговорно?

Но доколку се земе во предвид и говорот на тело на Спасовски при одговорот на прашањата на новинарите, ќе се забележи нешто сосема поразлично од неговите отсечни одговори, ќе се забележи онаа скриена насмевка која го издава дека нешто сериозно „мириса“ во проблемот со пасошите, нешто како намерно да е направено од негова страна, но по се изгледа дека Коста Петров, ПР „експертот“ овие работи заборавил да му ги каже кога го подготвувал за настапи.

Актуелниот технички министер во министерството за внатрешни работи, Наќе Чулев, за овој случај најави итна истрага и одговорност за оној кој дозволил да дојде до ваков проблем.

Во однос на пишувањата на одредени медиуми за незаконист во постапката за набавка на пасоши, тоа што во моментов можам да потврдам е дека во рамки на Министерството за внатрешни работи во тек е интерна постапка која треба да утврди дали постојат одредени елементи кои укажуваат на можни злоупотреби при набавката на патни исправи. За сите недоследности кои би се утврдиле ќе биде покрената соодветна постапка за што јавноста би биле информирана, порача министерот Чулев.

Одговорност за вакви случаи мора да има, но и јавноста мора да дознае зошто Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи, баш сега дозволил да се случи ваков проблем, а долги години наназад ваков проблем со недостаток на пасоши немало.

Дали Спасовски и СДСМ сакаат намерно овој проблем да му го препишат на Наќе Чулев и дали со овие постапки СДСМ сака на граѓаните да им ја најави црната кампања за време на изборната кампања?

Додека јасноста ја интересираат прашањата поврзани со немањето пасоши, Оливер Спасовски се занимава со чизми, афера која исто така ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ, вредна неколку милиони денари.

Коронавирус