понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Партиската книшка главен предуслов: Ако не си член на СДСМ, нема ниту откуп, ниту субвенции на тутунот (ВИДЕО)

Партиската книшка главен предуслов: Ако не си член на СДСМ, нема ниту откуп, ниту субвенции на тутунот (ВИДЕО)

Прилепските тутунари денеска го блокираа патот Градско – Прилеп – Битола кај Плетвар. Тутунарите се решија да протестираат револтирани од односот на државата кон нив.

Земјоделоците, односно тутуно производителите обвинуваат дека партиската книшка е главен предуслов за успех во овој бизнис. Тие посочуваа дека ако не си член на СДСМ нема ниту да ти биде откупен тутунот , ниту ќе да ти бидат исплатени субвенции. Тутунарите велат дека на оние кои се вработени во администрација, имаат „братучеди“ на високи позиции им оди тутунот добро, сите луѓе кои што се вработени во јавна администрација тие луѓе им оди како прва класа цело производство, а нашето производство не може да оди никако, постои партиска дискриминација и врски, велат тутунарите.

Ако не се исполнат нивните барање, не исклучија можност да го продолжат протестите, блокадите на патиштата и штрајковите. Покрај незадоволството од цената по која им се откупува тутунот, тутунарите стравуваат дека ќе ги загубат и субвенциите ако не успеат да го продадат целиот тутун.

ИЗВОР: ИНФОМАКС

Коронавирус