среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Партиската администрација на СДСМ признава колку се неспособни

Партиската администрација на СДСМ признава колку се неспособни

Вработените во Платежната агенција оставени без плата во новата година. Вработените во оваа институција за разлика од вработените во другите институции ќе го дочекаат Божиќ без плата.

Шефот на кабинет на директорот, Симеон Милевски, на својот фејсбук профил напиша дека плата нема за вработените поради незнаењето истата да се подготви.

Милевски, напиша дека не знаат да спремат плата за исплата за себе, а од нив се очекувало да изработуваат и одобруваат проекти од ИПАРД за граѓаните.

Поплаки за плата и нејзино доцнење досега се нема јавено, имено претходната власт имаше востановена практика на редовна ипслата и непречено функционирање, тренд што очигледно ќе биде нарушен од актуелната власт која на дело ја манифестира својата неспособност.