четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 136
home Вести

Партиска полиција за 12 април: Спасовски во моментов дели нови решенија во МВР

Партиска полиција за 12 април: Спасовски во моментов дели нови решенија во МВР

Оливер Спасовски го напушта МВР на најконтгроверзниот можен начин – со полноќни кадровски прераспределувања кои на неговиот наследник треба да му оневозможат функционирање во МВР.

Република неофицијално дознава дека во моментов во МВР се делат дополнителни решенија и полицијата дополнително се парализира, така што пред изборите, и покрај техничката влада, со сигурност ќе добиеме партиска полиција.

Според нивниот извор Спасовски во моментов поставува началници на новоформираните ЕВР по станичните подрачја Ѓорче Петров, Карпош, Гази Баба, Аеродром…

Нови началници добиваат и единиците за дрога и оружје, а нивните помошници вечерва напредуваат по неколку скалила нагоре.

Неофицијално, за началник на Оружје во СВР е поставен газда на едно стрелиште во Скопје, С.Д. е новиот началник за дрога, Г.В. од вечерва е началник на ЕВР Ѓорче Петров, а А.Б. помошник-началник на ЕНТ.

Според нашите сознанија, Спасовски нема да спие ниту ноќеска. Решенија во МВР ќе се штанцаат и до доцна во ноќта, со што до утрото, до оставката на премиерот во заминување Зоран Заев Спасовски ќе создаде подобна партиска полиција.

Коронавирус