сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Партијата РОМ со обраќање до сограѓаните: Храбро ги заштитивте децата, надлежните институции да го зголемат нивото на безбедност

Партијата РОМ со обраќање до сограѓаните: Храбро ги заштитивте децата, надлежните институции да го зголемат нивото на безбедност

Политичката партија Роми Обединети од Македонија – РОМ, по синоќените случувања во општина Шуто Оризари им се обрати на своите сограѓани.

-Најнапред дозволете да Ви честитаме на храброста и солидарноста која ја покажавте кон заштита на нашите најмили деца. Со ваквиот чин придонесовте кон вистинско алармирање и сериозно третирање на овој и како сериозен проблем во нашата единствена ромска општина Шуто Оризари. Нашата сплотеност без разлика на етничката, верската и политичка припадност доведува до алармирање на овој проблем и соодветно третирање на истиот, со цел да не се повтори ваквиот чин, без разлика дали во нашата или во некоја друга општина, велат од партијата.

Од РОМ порачуваат дека децата се нашето најголемо богаство и ова богаство кое е нашата иднина должни сме сите заеднички и сплотено да го чуваме и браниме од сите зла од модерното општество во кое живееме.

-Се надеваме и очекуваме дека тоа што се случи вчера е доволен индикатор надлежните институции да го зголемат нивото на безбедност и особено присуство на полицијата во школите и градинките, со цел да се нормализираат работите и намали паниката и стравот кој што е присутен кај секој еден родител, во овој тензичен и сензитивен период. Само на таков начин ќе покажеме дека грижата за нашите најмили е на прво место, се наведува во нивното обраќање до сограѓаните.

Коронавирус