понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 34
home Вести

Партијата им е поважна од државата: Заев ќе си чисти само во дворот, граѓаните за друго ќе треба да чекаат

Партијата им е поважна од државата: Заев ќе си чисти само во дворот, граѓаните за друго ќе треба да чекаат

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, одлучи прво да си го расчисти сопствениот двор на Бихаќка. Ако граѓаните навистина се надеваа на некакви промени, за истите ќе мора да почекаат.

Имено, на Заев очигледно му е поважна партијата од државата, па само таму и сака да си замете.

Порталот „Сакам да кажам“ објавува дека вечерва ќе има само разрешувања во партијата.

-Министри вечерва нема да се реконструираат неофицијално дознаваме од партиски извори, објавува СДК.

„За министерските смени ќе се одлучува на нов состанок“-пишува ФОКУС.

Заев на вечерашниот Централен одбор им даде метла на сите шест потпретседатели на партијата: Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Благој Бочварски.

Разрешен беше и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, како и други партиски функционери.

Премиерот претходно разреши 78 претседатели на општински организации на партијата.

На овој начин, Заев сака да создаде слика дека за неуспехот на изборите, се виновни сите во партијата, само тој е чист.

На граѓаните, овие партиски промени не им значат ништо. Тие бараат одговорност од министрите и градоначалниците кои со својата неработа ги минуваат мандатите.

Најголема одговорност, секако, народот очекува од Зоран Заев.